Распеани Скопјани по подолга пауза, вчера се појавија пред Министерството за култура, пеејќи ја песната „I’m Still Standing“
“Хорската музика е фундамент на современата македонска култура имајќи го предвид фактот дека голем број македонски композитори, особено од првата генерација, го пронашле сопствениот јазик преку овој вид творештво…” — не можеме повеќе да се согласиме со изјавата на министерката за култура дадена заедно со ветувањето за подобра 2013 за хоровите. -Ве држиме за збор!“, порачаа Распеани Скопјени по нивниот вчерашен настап пред Министерството за култура
„Подготвувањето на овој безвременски хит на Елтон Џон се совпадна со доста други општествени аномалии со кои се соочивме, па се надеваме дека и вас “уште стојам” ќе ви претставува химна на личниот отпор.
Сепак, ова пеење, и секој наш нареден настап и песна ќе бидат во името на нашата заедничка борба и некои од другарите-соборци кои ги загубивме по патот… Марко Кабранов, Никола Младенов, Мухамед Али Јашари — секогаш со нас!“, велат Распеани Скопјани