Турскиот премиер Ердоган, пред неколку месеци, за ликовите на мегапопуларната турска серија „Сулејман Величенствениот“, изјави: „Ние такви предци сме немале, ние таков султан Сулејман не сме запознале“.
Деновиве, турскиот суд ги повлече обвиненијата против „Tims”, продуцентите на серијата „Сулејман Величенствениот“, кои бараа да се сопре снимањето на оваа серија и добија слобода и понатаму да ја снимаат и ја прикажуваат во педесетина земји во светот.
Го прашавме професорот Драги Ѓоргиев, познавач на османслиската историја, што е вистина, а што уметничка слобода и фикција во турските серии? Тој потврдува дека некои од најфасцинантните интриги и заплети се историски точни.