За секојдневните тензии помеѓу Северна Кореја и коалиционата сила помеѓу САД и Јужна Кореја, како и можноста за тоа како ќе се одвива војната, за Си-Ен-Ен зборува пензионираниот генерал Џејмс Маркс.
Во вчерашниот вербален напад, С. Кореја објави дека “несовесната нуклеарна закана” поставена од страна на САД “ќе биде уништена од силната волја на заедничкиот сервисен персонал и од помал, полесен и насочен нуклеарен напад на Северна Кореја. ”
САД, во меѓувреме, рече дека ќе испрати копнен ракетен одбранбен систем на Гуам, за да се одбрани од евентуалните балистички ракети на С.Кореја.
Фокусот на војната секако би бил Корејскиот полуостров, нопоради стриктно контролираната демилитаризирана зона, Маркс објаснува во која насока ќе се движи војната.
„Северот главно ќе нападне со воздушни ракети и бидејќи тие ќе бидат активирани од северниот дел на зоната, САД и Јужна Кореја тешки би ги забележале пред да бидат лансирани. Северна Кореја уште би настапила со подморници од двете страни на Јужна Кореја, и би ги мобилизирала своите внатрешни агенти кои со години го испитуваат теренот.“
На тоа како Јужна Кореја и САД би возвратиле на нападите:
„САД штитејќи ја Јужна Кореја би ги употребила своите ресурси на водзухопловство и авијација кои ги имаат близу Јапонија и околу Јужна Кореја, уништувајќи ги станиците за комуникација и подрачјата од каде што се активираат нападите, за да го контролираат воздушниот простор.“
Сепак генералот Маркс, верува дека ова е последното и најлошо можно сценарио кое нема да се случи, бидејќи смета дека Северна Кореја е свесна за силата на САД, и дека доколку би нападнала, тоа би биле мали, поединечни центри на Јужна Кореја така што не би дозволила да ги повреди интересите на САД, и би ја затворила војната во помал обем.
ИЗВОР: cnn.com