Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заштита од дискриминација неефикасно работи

0
By Нова ТВ on April 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2013 11:07

Мрежата за заштита од дискриминација во овој момент има 14 активни предмети кои се
поведени пред Комисијата за заштита од дискриминација, од кои на дури 8 предмети им е истечен рокот од 3 месеци во кои Комисијата треба да одлучи дали постои дискриминација.

Рокот за постапување истекува за една неделa и во останатите 6 активни предмети кои ги води оваа мрежа. Ваквата состојба на неефикасно работење на Комисијата отвора дилеми во врска со ефикасноста на механизимите кои би требало да ги штитат граѓаните кога тие се дискриминирани.

Индикативно е тоа што Комисијата се нема изјаснето за два активни случаи против дневниот весник „Вечер“, за кој мрежата преку своите претставки укажува на водење хомофобична уредничка политика од страна на овој весник, што, пак, според мрежата, резултира со вознемирување како форма на дискриминација.

Исто така, Комисијата и по приближно една година нема постапено по претставка против ТВ Сител за објавување на прилог кој ги дискриминира лицата со хомосексуална ориентација.

Наспроти ваквата игнорантска политика кон поплаките за присутност на хомофобични содржини во македонскиот медиумски етер, Комисијата во 2011 година речиси експресно ја отфрли претставката против „Вечер“, бидејќи рокот за поднесување на претставка бил наводно истечен.

Оваа одлука е спротивна на случајот со хомофобичната содржина во учебникот по педагогија, за кој Комисијата постапуваше и даде мислење дека постои дискриминација со образложение дека иако рокот е истечен, спорниот текст е се уште активен и предизвикува дискриминација. Комисијата, значи, не води воедначена и континутирана политика во смисла на почитување на роковите и примена на законот.

Еден од најстарите предмети што оваа мрежа го поведе пред Комисијата е случајот за
сегрегација на учениците Роми во Битола. Иако претставката за овој случај беше поднесена во месец април 2011 година, Комисијата и по изминувањето на 2 години се нема изјаснето дали препраќањето на децата Роми во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, со образложение дека нема место за нив во основните училишта во кои тие првенствено аплицирале, преставува форма на дискриминација.

Роковите за утврдување дискриминација се истечени и во случаите кои мрежата ги поведе
против четири здравствени институции. На четири лица им бил отежнат и оневозможен патот до остварување на здравствените права, при што лицата претрпеле повреда на личниот интегритет, поради својата етничка припадност, зависност од опијати и поради здравствената состојба – носител на вирусот ХИВ.

Дискриминацијата врз маргинализираните заедници, и врз граѓаните воопшто, може да има
големи последици врз начинот на кој тие ги остваруваат своите права, како и последици
врз квалитетот на животот воопшто. Затоа, Комисијата за заштита од дискриминација треба навремено и ефикасно да постапува по претставките и со тоа да ја намали штетата од сторената дискриминација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.