Информации кои што пристигнуват од речиси сите избирачки места во општина Центар говорат дека во последните два часа од гласањето евидентно е организирано „излегување“ на фантомските гласачи од Пустец, информираат за НОВА од една политичка партија.
Според информациите, полициски службеници „Алфи“ со службени возила ги носат фантомските гласачи на гласање.
Реакциите на граѓаните покажуваат дека со последните активности, на само два часа пред затворање на гласачките места, уште повеќе се зголемува и револтот кај граѓаните на Центар, велат од оваа партија, а им биле одземени мобилните телефони на кои било снимено гласањето.