ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг победи во Градот Скопје и во уште 16 општини, соопшти вечерва премиерот и лидер на владејачката партија Никола Груевски.
Тој прогласи победа на ВМРО ДПМНЕ во 56 општини на овие локални избори и рече дека се уште се чекаат конечните резултати од општина Центар.
Тој рече дека партијата ВМРО ДПМНЕ за разлика од 2009 година кога на локалните избори освои 55 општини и 406 илијади гласови, оваа 2013 година освоила 445 илијади гласови и една општина повеќе.
-И на овие избори се покажа дека територијалната поделба од 2004 година беше дизајнирана на таков начин за да победи албанскиот блок. Но го поздравувам единството на македонските партии што е дефинитивно нова политичка вредност во Македонија, но шанса и надеж за наредните избори, рече премиерот Груевски