Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарот изгаснат, прашањата распламтеа

0
By Нова ТВ on April 11, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2013 21:28

Мирис на чад се уште се шири во студентскиот дом „Гоце Делчев“, откако во вчерашниот пожар целосно изгоре една соба на приземјето, а осум беа оштетени. Цел ден се расчистуваа остатоците. Дел од студентите денеска си ги спакуваа куферите, загрижени за состојбата во која се наоѓа објектот, сведочат станарите од домот за Радио МОФ. Од Управата на Државниот Студентски Центар, освен штурото соопштение за вчерашната случка, засега не даваат одговор за состојбите во домот. Директорката Даниела Темелкова останува недостапна за новинарските прашања.

Од Студентскиот парламент на УКИМ велат дека направиле првична проценка на штетата. Собитесе во очајна состојба, а неколку студенти во пожарот изгубиле се што имале. Изгореле и парите за билетот во САД на студентката од Кавадарци во чија соба изби пожарот. Таа планирала да си замине од земјава ова лето, раскажуваат студентите. Синоќа по пожарот сите биле сместени во една просторија, а денеска дел од оние на кои им изгореа собите го напуштиле домот.

Со цел да им се помогне на најпогодените студенти, преку хуманитарни акции организирани од колегите ќе се собираат пари за купување на основни работи, појасни претседателот на СПУКМ Кирил Спироски. Од раководството на домот добиле ветување дека до понеделник ќе биде решен проблемот со нивното сместување. Ветување е дадено и за комплетна реконструкција на блокот Б од „Гоце Делчев“, кој важи за еден од најзапуштените студентски домови во земјава.

Вчерашниот пожар дополнително го отвори прашањето, колку се безбедни и во какви услови и живеат македонските студенти. Во неколку наврати Радио МОФ информираше за катастрофалната состојба во домот „Гоце Делчев“. И тогаш надлежните останаа недостапни за одговор.

Според првичните информации, причина за избувнувањето на пожарот била неисправна електрична греалка, која студентката од уништената соба ја користела за нејзино загревање. Студентите, пак, се сомневаат дека проблемот настанал поради дотраената електрична инсталација. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е изграден по земјотресот и оттогаш, реновирана е само читалната. Во овој објект се сместени околу 1200 студенти, а најголемиот дел од нив едвај чекаат да завршат со студиите за да си заминат од домот.

Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.