Организаторите на 12 издание на OFF фест кој ќе се одржува од 1 до 6 јуни ја објавија комплетната програма.
Индиската музичарка Анушка Шанкар, ќерка на починатата легенда на ситарот, Рави Шанкар и една од водечките личности во светот музика денес, која ќе настапи на отворањето, без сомнение е ѕвездата на годинашното издание на фестивалот.
Но, доаѓаат и магичните турски мајстори „Таксим трио“, меѓународно реномираните словенечкиот пејач Брина и мароканско – сенегалскиот секстет „University of Gnawa“ предводен од Азиз Самауи. Потоа извонредната група од Колумбија „Ondatrópica“, револуционерниот фински хармоникашот Кимо Похјонен, кој веќе има настапувано на Скопскиот џез фестивал и групата од Јужна Кореја, „Тори ансамбл“.
Од Македонија, ќе настапат Горан Трајковски и Елена Христова со нивниот проект насловен „Биоскопија“