Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Делегација на партијата се сретна со Хајндл

0
By Нова ТВ on July 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2016 21:30

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ денеска остварила средба со германскиот специјален пратеник г-дин Јоханес Хајндл.

На средбата, на која не присуствувал претседателот на партијата, Никола Груевски, бидејќи според партијата бил на свадба кај пријател во Италија, се разговарало за актуелната политичка состојба.

„Се разговараше за позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со постигнување на решенија од областите опфатени со политичкиот договорот постигнат минатата година, како и европските интеграции како дел од стратешките приоритети на државата.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека партијата е посветена кон постигнување на позитивни решенија базирани врз европските искуства кои ќе бидат рационални и ќе го запазат општествениот интерес. Беше постигната согласност дека е потребен конструктивен пристап и отвореност на сите политички чинители.

Истовремено беше истакнато дека изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надмнување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подоцна ќе бидат одлагани.

Во однос на избирачкиот список од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обврзе дека тој е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе се работи на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ не е спорен сегмент.

Во однос на сферата медиуми, беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ се залага да не смее да се казннува, ниту новинар, ниту медиум за искажан став, како и релаксирање на казнената политика и одредби за медиумите со што ќе придонесе за зајакнување на нивната независност и ќе се влијае на унапредување на состојбите.

Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси како и спроведување на интензивната реформска агенда која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите.

Во тој правец Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ утврди предлог закон за Народен правобранител базиран на европските принципи и препораки, закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, закон за престанување на важењето на законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, а беа доставени до четирите партии двата медиумски закони, законот за медиуми и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во владина процедура е и изменување и дополнување на законот за судски совет заради усогласување со претходниот закон. Сите овие закони се дел од итните рефоромски приоритети со што се потврдува посветеноста во исполнување на критериумите утврдени со пристапниот процес во ЕУ“, се вели во соопштението на партијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.