Со нетрпение се очекува второто продлжение на урнебесната комедија „Grown Ups 2“, чија премиера е најавена за некој од летните месеци.
Нетрпението најмногу се должи на долгата листа на најпознатите холивудски актери собрани во оваа комедија: во главната улога е Адам Сендлер, чија специјалност се токму ваквите лесни комедии, но тука се и Крис Рок, Кевин Џејмс, Дејвид Спејд, познат од многу тв серии, Селма Хаек и легендарниот Стив Бускеми.
Филмот е во поспродукција, а предвидувањата се дека второто продолжение на „Возрасни“ ќе биде летниот холивудски хит.