Во терористичкиот напад кој се случи доцна синоќа во Бостон, САД, над стотина луѓе се повредени, а тројца загинаа во две експлозии.
Едната од експлозиите се случила веднаш откако натрпеварувачите учесници на големиот маратон ја поминале целта, јави Ројтерс. Според CNN експлозијата се случила еден час по завршувањето на маратонот. Меѓу загинатите е и осумгодишно дете.
Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем, според CNN 17 од повредените се во критична состојба, а 25 се со тешки повреди, 144 се повредени. . На десетина луѓе им била извршена ампутација на стапалата.
CBS јавува дека полицијата на распит однела еден државјанин на Саудиска Арабија, но сепак е рано тоа лице да се нарече осомничен.
На маратонот учествувале неколку илјади луѓе, експлозијата се случила нешто после 15 часот според локално време.
Во видеото долу погледнете ги три експлозии преку мапата на Гугл.
Гугл се вклучи во помошта при потрагата по учесници и гледачи на Бостонскиот маратон.
Страницата „Google Person Finder“ на адресатa http://google.org/personfinder/2013-boston-explosions им овозможува на корисниците да го внесат името на бараниот човек или да соопштат информации за пронајдени луѓе.
Употребата на мобилни телефони беше прекината во регионот на Бостон.
Претставник на полицијата соопшти дека мобилните услиги ќе бидат суспендирани за избегнување на евентуално далечинско активирање на други експлозивни направи.