Директорот на Битолскиот театар, Валентин Светозарев, денеска соопшти дека оваа национална установа, вработила уште четири млади актери, тоа се Александар Стефановски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски и Борче Ѓаковски, со што како што вели Светозарев, бројот на нововработени во битолскиот театар во период од три години изнесува 24 лица, од кои 12 актери.
Инаку, театарот ги почнал подготовките на две премиерни претстави „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен во режија на Ѕвезда Ангеловска и претставата „Дива“ од Маријана Нола во режија на Софија Ристевска.