НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право

0
By on April 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светскиот ден на книгата, денеска се одбележува во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. На свеченоста беше прочитана пораката на генeралниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и македонската порака која годинава ја напиша поетот и есеист Никола Маџиров.

– Овој ден не повикува да размислуваме долгорочно за преобразбата на книгата, и на вистинските вредности што треба да не’ водат. Разноликоста на книгите и нејзините содржини се извор што збогатува: ние треба да ги поддржуваме со нашите јавни соодветни политики против културната униформираност. Оваа разноликост на книгата е наше заедничко богатство – вели Бокова во пораката.

Сашо Тасевски, кој доби признание за наjчитан автор, истакна дека за да се издаде книга во земјава често пати значи одвојување средства и од сопствениот џеб. Појаснува и дека одамна го посоветувале дека е залудно барањето правда ако некој му ги прекрши авторските права.

Маџиров во својата порака за Светскиот ден на книгата пишува:

– Книгата молчи кога е во дланките. И зборува преку дождот, кога некој ја пали на плоштади. И постои преку правта, кога некој ја поробува во колекции.
Кажувањето приказни е суштински ген на интелектуалното наследство, незапишано во ниту еден тестамент на раздорите. На Балканот луѓето обожуваат да раскажуваат долго над гробот на покојникот; да изградат голем споменик од бел мермер на кој ќе можат да напишат долг текст како колумна во дневен весник; да ги запаметат само зборовите што сакаат да ги чујат над сопствениот гроб. Стравот од заборавање е поголем од стравот на смртта.
Кога некој умира, молчат оние што ќе се присетат на неговите зборови. Кога книгата ќе се отвори, молчи целиот свет, пишува Маџиров во својата порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.