НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија на избори, со темна дамка од фалсификат

0
By Нова ТВ on May 12, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија денеска ќе гласа на вонредни парламентрани избори, кои беа распишани по оставката на Владата на Бојко Борисов во февруари, иницирана од масовните граѓански протести против поскапувањето на електричната и топлинската енергија и корупцијата во државата.

Главната битка се води меѓу двете водечки сили и во досегашниот состав на Собранието – популистичката десно-центристичка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Борисов и Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Сергеј Станишев.

Според последните анкети на јавното мислење, ГЕРБ може да очекува меѓу 22 и 24 отсто од гласовите, а социјалистите 17 до 18 проценти.

На трето место се очекува да влезе впартијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС), кое може да се надева на шест до седум отсто од гласовите.

Изборниот праг од 4%, според анкетите, ќе го помине националистичката партија Атака, со поддршка на пет до шест проценти од гласачите.

Од останатите партии, најблиску до изборниот праг е конзервативното Движењето Бугарија на граѓаните (ДБГ)на Меглена Кунева, на која анкетите и даваат подршка од нешто под четири%, додека сите останати политички сили, според испитувањата на јавното мислење, се далеку од влез во Парламентот.

Сепак, изборите започнуваат со темна дамка, кога пред два дена Јавното обвинителство откри 350.000 гласачки ливчиња во печатницата „Мултипринт“ во градот Костинброд, кои не припаѓале во предвидениот законски број на гласачки ливчиња наменети за утрешните вонредни парламентарни избори.

Гласачките ливчиња, биле пронајдени синоќа после што било алармирано јавното обвинителство, кое наредило истрага- проверка на печатницата и да се испитаат сведоците.

Печатницата е затворена, изборниот материјал е запленет и поднесени се кривични пријави против сопственикот кој важи за близок на партијата на Бојко Борисов.
Печатницата „Мултипринт“ е во сопственост на локален советник од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), која досега беше дел од владината коалиција.

Нивното образложение е дека како и во секој процес на технологија, при печатењето се произведува вишок материјал, кои според законот требало да се чува до завршување на изборите, а потоа да биде уништен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.