Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП: Груевски има политичка и морална одговорност за прислушувањето

0
By Нова ТВ on November 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 20, 2016 12:27

Либерално демократската партија денеска побара Никола Груевски да  понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и уништувањето на демократијата воопшто.

– Наместо да се крие зад фејсбук пораки за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини за големата лага за „странските служби и жолтите комбиња“, за лагите и убедувањата дека прислушуваните материјали во „бомбите“биле сечени, лепени и монтирани.

Да се извини за злоупотребата на прислушните апарати, зошто јасно е како ден кој масовно прислушкувал во оваа држава  и  за чии потреби. А сега, сосема е јасно и зошто Груевски не се појавува на рочиштата за случајот „Пуч“, затоа што и самиот знае дека од сведок многу лесно може да премине во главен осомничен.

Молчењето на Груевски за случајот „Таргет“ само ја потврдува неговата длабока инволвираност во овој криминално–политички и патолошки процес.

Но, и да се скрие во мечкина дупка, вистината и правдата ќе го стасаат Груевски!

ЛДП стои на ставот дека  овие судови не можат да ја истераат правдата на виделина. Особено не, по најновиот скандал  во Основниот суд Скопје и воопшто  во правосудството  во државата.  Судовите мора да се исчистат од „сваровски“ судиите , но и од оние на кои судовите им се ‘чешмиче’ и ‘дуќанче’.

СЈО не смее веќе да се потпира на овие судови , затоа укажуваме до македонската и меѓународната јавноста на  нужноста од формирање на специјален судски оддел кој ќе ги процесуира обвиненијата  на СЈО, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

ВЕСТИ May 26, 2026

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе…

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.