НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите на нишан-затворени две приватни ординации

0
By Менче Атанасова Точи on May 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска затвори две приватни здравствени установи, бидејќи во нив двајца лекари од скопските клиники вршеле допoлнителна дејност, а не биле регистрирани за тоа.

Станува збор за приватната дијагностичка лабораторија Хистолаб каде што професор од Клиниката за Онкологија доаѓал да работи дополнително во попладневните часови, отако ќе му завршело работното време на клиниката. Од инспекцијата признаваат декa лекарот не го затекнaле таму, но од медицинската документација заклучиле дека тој таму врши анализи.

Во ПЗУ Промедика била затекната лекарка од Клиниката за пластична хирургија која прегледувала исто така после работното време. По ова лекарите ќе добијат забрана за вршење на дополнителна дејност, а здравствените установи ќе бидат затворени.

-Здравствените установи ќе бидат затворени до 30 дена, а ќе биде поднесена и прекршочна пријава. По истекот на овој рок ќе се одлучи што понатаму, изјави Џевџес Шакири директор на ДСЗИ.

Според Шакири, двајцата лекари биле пријавени телефонски во ДСЗИ. Професорот кој бил откриен во Хистолаб во декември минатата година се закани дека ќе си оди од Клиниката за онкологија, посочувајќи на многу неправилности во работењето. Тој тогаш беше револтиран бидејќи бил казнет од плата, а според проектот „плаќање по учинок’ наводно не направил доволно здравствени услуги.

Тој е единствениот хистопатолог во државата, го има товарот на најголем број од анализите , а обучува и тројца специјализанти бидејќи на клиниката нема доволно лекари кои ја работат оваа проблематика. Станува збор за исклучително важни анализи со кои се дијагностицира и потврдува присуството на карцином во организмот, за кои не смее да се чека многу бидејќи болеста напредува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.