НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ биле известени за притисоци врз вработените во администрацијата

1
By Нова ТВ on November 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ОБСЕ/ОДИХР беше известена за случаи на наводни притисоци врз вработените во јавната администрација да поддржат одредена политичка партија, се вели во последниот извештај на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ.

Во делот за медиумите, во извештајот е наведено дека соговорници на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР покажале загриженост за доминантните провладини приватни радиодифузери, што има силно влијание врз рекламниот пазар.

„Широко застапената самоцензура која произлегува од политичкиот притисок врз медиумите, како и случаите на провоцирање и вербални напади врз новинари (особено од страна на владини службеници) се едни од прашањата за кои НМИ на ОБСЕ/ОДИХР ја изрази својата загриженост. Суштинските медиумски реформи предвидени во Пржинскиот договор сè уште не се договорени“, нотирано е во извештајот.

Од ОБСЕ/ ОДИХР потсетуваат дека промените и дополнувањата на Изборниот законик од 2016 година во однос на медиумите се применливи единствено на претстојните избори. Главниот и одговорен уредник на МРТ беше назначен од опозицијата 100 дена пред овие избори.

Надзорната улога на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АААВМУ), која е регулаторно тело на радиодифузните медиуми и медиумското покривање на изборите, е заменета со Привремена комисија. Ова тело е составено од пет члена, четири од кои назначени од четирите главни политички партии и еден избран од тие четири члена, и има задача да го оцени медиумското покривање врз основа на редовни извештаи за следење на медиумите изготвени од АААВМУ.

„Заклучно со 21 ноември, Комисијата одлучи по неколку случаи на пристрасно покривање, скриена кампања од страна на владини функционери и владино рекламирање. Врз основа на препораките на Комисијата, АААВМУ проследи до основниот суд 14 иницијативи за прекршочни постапки, вклучувајќи шест предупредувања (МРТ, Нова, Алфа, Сител) и осум парични казни (Алфа, Нова и Сител). Досега судот одлучи по еден случај на Нова, односно го отфрли“, се вели во извештајот.

На 7-ми ноември, ОБСЕ/ОДИХР исто така започнале со квалитативно и квантитативно медиумско следење на осум телевизиски канали и пет дневни весници.

Во извештајот е нотирано дека партиите кои ги претставуваат другите малцинства освен албанското го изразиле своето незадоволство до ОБСЕ/ОДИХР поради нивната исклученост од политичкиот процес од кој произлезе датумот за избори на 11 декември.

Тие исто така изразиле загриженост за тоа што изборниот систем не обезбедува механизми за промовирање на учество на националните малцинства, како што е резервиран или загарантиран број на пратеници во Собранието, што пак, ги принудува да се приклучуваат кон коалиции водени од партии кои ги претставуваат поголемите заедници.

Загриженост до НМИ на ОБСЕ/ОДИХР била изразена и за тоа што сите заедници не биле соодветно известени за списокот на спорни гласачи и потребата тие активно да се пререгистрираат.

За овие избори, заклучно со 18-ти ноември, регистрирани се 1.784.524 гласачи, како и 20.629 гласачи во странство.

ДИК доби задача да го прегледа изборниот список преку вкрстена проверка на различни бази на податоци од 11 институции, како и со спроведување на теренски проверки кои беа набљудувани од четирите главни политички партии. На 26 април, ДИК извести за 44.308 гласачи заведени на адреси на кои постојат повеќе од 20 регистрирани гласачи или на кои се регистрирани гласачи со повеќе од 6 презимиња. По проверките на терен кои следуваа, од 39.502 гласачи со „сомнителна регистрација“ беше побарано активно да се пререгистрираат.

На 13 ноември, ДИК одлучи да избрише 28.341 гласач од списокот кои не се пререгистрирале. „И покрај критиките во однос на теренските проверки, голем број соговорници на ОБСЕ/ОДИХР сметаат дека довербата на јавноста во избирачкиот список е зголемена, бидејќи досегашниот процес на проверка резултирал со ограничен број барања за корекции“, се вели во периодичниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.