Најголем увозен продукт во Македонија во последниве година-две е платината. Причина за ова, се разбира, е влезот на „Џонсон Мети“ на Бунарџик и производството на каталитички конвертери кои содржат токму платина.
Но, во последниве 12 месеци, светскиот пазар на платина доживува турбуленции. Рударите во рудникот Марикана во Јужна Африка започнаа штрајк вчера по викенд преполн со насилства меѓу синдикатите северо-западно од Јоханесбург.
Лани, пак, во август и спетември, 46 лица починаа, а уште повеќе беа повредени откако рударите влегоа во штрајк околу платата. Тие тогаш добија зголемување на платите од 11 до 22 отсто, но очигледно тоа не беше е доволно. Особено што по договорот за завршување на штрајкот компанијата сопственик „Лонмин“ затвори окно во рудникот и отпушти 1.200 работници.
„Џонсон Мети“, кој се занимава и со рафинирање на платина објави дека резервите на овој скапоцен метал се паднати 13 отсто лани до 175,4 тони, како и дека 23,3 тони се изгубени поради штрајкови во Јужна Африка, кои влијаеа врз сите три главни производители и се влечеа со недели.
Како што може да се види од графиконот на лондонски Економист, Јужна Африка има најголеми резерви на платина и тие лани почнаа да се намалуваат, а состојбата не се очекува да се подобри зшато штрајкови се очекуваат и во други рудници во земјата. Низ слични премрежија поминува и паладиумот. чии резерви се нан анјниско ниво од 2002 година и чии рудници во Русија пополека пресушуваат.