Шеесетгодишен маж се самоуби пред очите на десетина број деца, кои во тој момент биле во дворот на приватно католичко училиште. Не се соопштува идентитетот на човекот, кој си пукал во главата.
-Ужасно беше, се плашам од тоа што го видов! – такви беа некои од изјавите на малолетните очевидци. Им го прераскажале ужасниот настан на нивните соученици.
Крвавиот инцидент се случил околу пладне. Веднаш потоа, во училиштето пристигнале психолози за да поразговараат со децата . Полицијата ги истражува мотивите. Самоубиецот без проблеми влегол во училиштето, иако според тврдењата, објектот бил добро обезбеден:
-Вратите се затворени и обезбедени. Мора да те идентификуваат на влезот за да можеш да си ги земеш децата. Жената што работи тука е задолжена за тоа. Не можеш да влезеш кога сакаш. Мора да заѕвониш, изјави една родителка.
Се огласи и францускиот министер за образование Винсент Пејлион:
-Мажот, за кого истрагата ќе покаже дека не е поврзан со училиштето, најверојатно бил растроен. Луѓето вработени во училиштето немаат причина да се чувствуваат виновни.
Училиштето, финансирано од католичката црква, се наоѓа во луксузен кварт во близина на Ајфеловата кула.