Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Четири скокалници“: Танде го освои Инсбрук со еден скок

0
By Нова ТВ on January 4, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 4, 2017 20:06

Даниел Андре Танде, по Гармиш, победи и во Инсбрук во третиот натпревар од традиционалните „Четири скокалници“ и го презеде водството во генералниот пласман на новогодишната турнеја пред финалето во Бишофсхофен, но и во Светскиот куп во скијачки скокови.

Лошите временски услови и силниот ветар од променлив правец не дозволија две серии во Инсбрук. И единствената, поради честите прекини, траеше околу час и 35 минути. Норвежанецот притоа се снајде најдобро во тешките услови во австрискиот центар и со скок од 128,5 метри што му донесе 125,7 бода го освои првото место.

Второто место му припадна на неговиот сонародник Роберт Јохансон со скок од 133 метри (123,1 бода) кој за првпат заврши меѓу најдобрите десет. Изненадувачки трет беше Русинот Евгениј Климов со скок од 127 метри (119,1 бода) за прв подиум во кариерата.

По три натпревари на новогодишната турнеја, Танде води со 710,3 бода пред Полјакот Штох со 708,6 и Австриецот Штефан Крафт со 693,7 бода.

Танде, пак, води во Светскиот куп со 632 бода, втор е Домен Превц со 596, а трет Штох со 533.

Даниел Андре Танде Инсбрук Новогодишна турнеја Ски-скокови Четири скокалници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.