Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излизгани возила на автопатот Скопје – Велес, прекин во сообраќајот

0
By Нова ТВ on January 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отежнато и многу споро е движењето на автопатот Скопје-Велес поради врнежите од снег, но и излизгани возила на патот.

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека се заглавени во огромна колона со возила, како и дека снегот недоволно или воопшто не е исчистен.

Фото: Граѓани се жалат дека автопатот Скопје-Велес е во застој.

„Се движиме многу споро, но повеќе стоиме во место. Најдобро е воопшто да не тргаат оние кои сакаат да одат накај Велес или кон Скопје, има и излизгани возила од снежните наноси“, ни изјави една граѓанка која во моментот е во возило на автопатот.

Освен за Скопје – Велес, жалби има дека и патиштата од Кичево до Охрид и Скопје-Тетово, исто така не се чистат од снегот.

Фото: Граѓани се жалат дека патот Кичево-Охрид не се чисти од снег

Од АМСМ вечерва соопштија дека сообраќајот на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје е во прекин за сите видови на возила, поради излизгани и попречени возила.

„Од 19:30 часот на патните правци Кавадарци – Неготино и Охрид – Ресен кај превој Буково поради превртени тешки моторни возила, сообраќајот е во целосен прекин.

Поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир“, се вели во нивното соопштение.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, на места со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонија пат.

„Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково“, предупредуваат оттаму.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.