Со оглед на критиката поради американските напади со беспилотни летала врз наводни терористи, американскиот претседател Обама воведува нови правила за ваквите акции, пренесува Дојче Веле. Претседателот и натаму сака да го затвори Гванатамо.
„Нашата нација се’уште е под закана“, изјави американскиот претседател Барак Обама во говорот посветен на антитерористичката борба, одржан на Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон.
Ситуацијата околу заканите меѓутоа се промени од нападите на 11. септември 2001 година. САД повеќе не се наоѓале во „неограничена борба против теророт“.
Многу повеќе армијата и тајните служби на различни места спроведуаваат поединечни и целни акции за откривање на непријателски мрежи.
Ова било причината зошто САД и во иднина нема да можат да се откажат од употребата на беспилотни летала во странство.