Ветеранот актер Џон Хурт почина на 77 години, објавија англиските медиуми.
Актерот познат по улогите во „Вонземјанин“ и „Човекот слон“, бил третиран за рак на панкреасот од 2015-та година.
Тој неодамна го глумеше таткото на Џеки кенеди во филмот посветен на неа, „Џеки“.
Режисерот Мел Брукс рече дека Хурт е „филмски бесмртен“, откако стигнаа посвети за актерот од светот на филмот и уметноста.
Хурт беше една од најпознатите британски филмски ѕвезди. Тој беше роден на 22 јануари, 1940 година. Во шест декади се појавил во повеќе од 120 филмови, и имал бројни театарски и телевизиски улоги.