НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беснило нема – кучињата се уште се заловуваат

0
By Менче Атанасова Точи on May 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија нема беснило покажале резултатите од лабораторијата во Франција кои стигнале доцна синоќа. Во четврток или петок се очекува да стигне и конечниот извештај кој само официјално ќе го потврди резултатот. Ова го соопшти Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветринарство на денешниот брифинг со новинари за кој не беше известена НОВА.

Во текот на вчерашниот ден се обидовме да добиеме повеќе информации за тоа што покажаа резултатите од испитувањата и дали Агенцијата превзема мерки за заштита од беснилото за кое официјално соопштија дека е присутно во државата. Директорот Рунтевски само крако изјави дека сеуште ги чекаат резултатите од лабораторијата во Франција. На прашање на НОВА што покажаа домашните повторени резултати од испитувањето и дали кај мачката е пронајдено беснило директорот одговори:

-Резулатите се така-така кратко коментираше Рунтевски.

Од друга страна НОВА неофицијално од извори на Факулетот за ветеринарна медицина дознава дека повторените домашни резултати покажале дека мачката која го касна човекот во населбата Радишани воопшто немала беснило. Негативни биле и резултатите од другите две мачки за кои надлежните се сомневаа дека имаат беснило.

Мачката најверојатно човекот го каснала бидејќи била беспомошна и уплашена поради тоа што била прегазена од возило кога тој сакал да и помогне, се сега претпоставките кои кружат во ветеринарните кругови.

Зошто, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со Министерството за здравство уште пред да ги добијат конечните резултати јавно соопштија дека во државата е откриено беснило јавно соопштија дека во државата е откриено беснило меѓу животните со што направија и паника меѓу граѓаните засега е непознаница.

Во меѓувреме, од Здруженијата за спас на животните велат дека во Вардариште се случува чистка на кучињата зад затворени врати. Од Здружението за вдомување на животни „Спас за животните“ на социјалните мрежи коментираат дека биле грубо вратени од Вардариште кога се обиделе да видат во каква состојба се кучињата и како се третирани таму.

-На вратата на лист тоалетна хартија пишува дека е забранета посета и вдомување поради беснило, а на листот нема ниту потпис ниту печат пишуваат од Здружението.
Од таму апелираат до граѓаните доколку се во можност да згрижат по некое мало кученце додека трае, како што велат„хајката во градот“.

Не се знае зошто од Агенцијата, денеска кога ги знаат официјалните резултати не им даваат нови инструкции во Вардариште за уличните кучиња.

-Несериозниот однос на надлежните институции со една многу сериозна проблематика како што е беснилото може да има далекусежни последици коментираат добро упатени извори во оваа проблематика.

Пред се тука е информирањето на јавноста, за кое најверојатно повторно ќе бидат обвинети новинарите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.