НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А можеше да биде текст за Орце Камчев

0
By Биљана Секуловска on April 21, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Не е во ред да се потсмевате, да се смеете, да бидете зајадлив, циничен и саркастичен за нечија бременост- во случајов, на Гордана Јанкуловска. Прочитав над стотици коментари на социјалните медиуми токму со вакви реакции, и ништо од ова не може и не смее да биде протолкувано како очекуван, разбирлив и логичен след на настаните.

Оваа вест се дозна откако Јанкулоска поради „ризична бременост“ не дојде на рочиштето за “Тенк”- за луксузниот „Мерцедес“на Груевски вреден 600 илјади евра. За овој случај се обвинети поранешниот премиер, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски.

Освен што Јанкуловска е навредувана, омаловажувана и исмевана, таа кај дел од луѓето кои се на Твитер и Фејсбук се соочува и со емоција која е еден стадиум над овие плукања, безобзирни и сурови вресоци кои секако дека ги слуша и препознава. За таа емоција која велам дека за неа е многу поболна и поударна од клетвите, колнењата и линчот, за таа емоција вреди лично Јанкулоска да се замисли.

Да се праша, да се преиспита таа, така кога седи сега на столчето пред судницата, кога го чека својот ред, додека маршираат сведоци, искази, обвиненија, истраги, купови и купишта материјали, документи, докази, списоци, тефтерчиња, сите со капки пот, мастило, по некоја дамка кафе. Сите изгужвани од вртења, листења, препрочитувања, подвлекувања, фрлани и враќани по маси, подови, каде се не, за да завршат по сефовите на СЈО, грижливо подредени, застрашувачки обемни, вртоглаво скапоцени.

Ако Јанкулоска седне, ги собере мислите, го прибере внатрешниот немир, ако им дозволи на мислите јасно и по некој логичен редослед да течат, таа секако ќе дознае. Тогаш ќе сфати зошто никој не сочувствува со неа, нема трошка емпатија, разбирање, грижа, една елементарна човечност за тешките денови кои сега таа ги преживува како трудница.

Такви емоции таа не предизвикува кај голем дел од членовите на овие социјални мрежи- тие едноставно не се заинтересирани да го слушнат нејзиниот исповед, човечки, на идна мајка, на жена која се грижи сега пред се за здравјето на своето дете, и затоа мора да биде исклучително внимателна и претпазлива сега и за своето здравје. Затоа не може да присуствува на судењата, кои не се малку, а многу е веројатно дека ќе излегуваат и нови.

Не можам да пронајдам човек кој сега тоа сака да го слушне пред се, за да го разбере, за да го допре, за да се замисли, за да го заболи стомакот, да му се пробуричка нешто, да омекне. Да се согласи дека- ништо не е така безгрижно и лесно, како што сме си замислувале откако сме ги отвориле очите во родилиштето и сме заплакале, но не од маката што сме се родиле во овој зол, подол свет, во кој нема правда, праведност, правичност, чесност.

Судбината и ја додели на Јанкулоска специјалната обвинителка Фатиме Фетаи 

Кој да знае, кој би знаел дека за да се искалкулира колку е паметно и разумно да се родите, треба да се знае и патот на судбината. За неа, за запишаната судбина, има пишувано и Стивен Хокинг, а неговата поента накратко ќе ви ја доловам: Доколку постои зацртан пат, судбина од Бога дадена, тогаш можеме да ја толкуваме на начин  кој ни одговара. На пример, станувате криминалец, но дали сте виновни, господа, зошто да ве обвинуваат и судат, добога, господа? Тоа не сте вие, ништо од вас не произлегло, не проговорило, не сторило, вие просто, не одговарате за своите постапки.

Тоа судбината мора да се смести во судница, неа да и се суди, пресудува и осудува, нека се измачува таа, нека биде мачена и нека одлежува затворски казни. Затоа што некој друг одлучувал кој ќе биде предодреден да биде криминалец. Бог е семоќен, надвор од времето, надвор од просторот, тој знае што ќе се случи, тој одредува, тој ги пропишува законите.  Совршени тези, примете го сега со леснотија животот, препуштете се на заповедите, вака изгледа идеално времето, просторот во кој сте сега, а за што не сте воопшто одговорни. Се додека не се појави науката и не ви се насмее во лицето.

Прочитајте го докрај Стивен Хокинг, тој ги побива сите овие теории за зацртаната судбина, за непостоењето на  слободна волја и на слободен избор.

Така паѓа и треска пред нашите нозе и теоријата за прекрасната леснотија да се биде криминалец, затоа што нашата граблива рака не била водена од свеста, ниту пак од совеста, и затоа сме пречкртале се што подразбира морал, чест, чесност, правда.

Ви велам, прочитајте го Стивен Хокинг како ве повикува да ја прочитате теоријата за настанувањето на Космосот: “Не ветувам голема оргиналност или длабочина, но тоа е најдоброто што имам да го понудам во овој момент”. Да знаела Гордана Јанкуловска за овој текст на Хокинг, и тоа во времето на нејзиното владеење, се ќе беше поинаку. Читањето на некои важни книги е прашање на слободна волја и слободен избор, зарем не?

***

До пишувањето на овој текст, не беше и официјално потврдено од Владата дека Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија во Македонија. Секако дека тогаш овој текст ќе беше посветен на таа тема. Секако дека тогаш кога ќе биде ставен и официјален печат на Владата на Заев, текстот ќе биде објавен. И секако дека ќе биде вистинска штета ако и Сашо Мијалков не стане почесен конзул на Чешка.

Да не заборавиме- Шарената револуција се крена токму за да дојде до некаква правда,  вселенска правда, а тоа секако може едно да значи- и Камчев и Мијалков да го добијат вистинското место кое го заслужуваат. Оттука, титулите се најмалку што може оваа Влада да им го додели како благодарност за заедничката борба која ја водевме. И да внимаваат титулите да бидат правопропорционално доделувани со тоа што на нас ни беше систематски одземано во времето на груевизмот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.