Љубиша Николовски: А ако се бара вина во однесувањето на СДСМ, тогаш таа во најмала рака е што за инцидентот молчеше. Партијата која најмногу страдаше во минатото, која на своја кожа и денеска носи модрици од насилието во Собранието, не најде за сходно да го искоментира и осуди обидот за физичка пресметка и недолично однесување и од страна на лидерот на Левица, но и од страна на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа јасно ќе покажеше дека, ни тогаш, ни сега, нема да подржува насилие од било кого и дека ќе се бори за подигнување на демократските односи во Праламентот. Линк