Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А за стомакот ќе се зборува ли!?

0
By Marija Todorovska on February 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најчесто за социјална правда зборуваат и одлучуваат оние кои имаат брендирана облека и чевли, полн стомак и новчаник. Лесно е да одлучиш да не се зголеми минималната плата ако имаш 2.000 евра плата + патни трошоци и дневници од разно-разни Комисии или патувања во странство.

Дехран Муратов

Денес е Светски ден на социјална правда, 20 февруари, и неизбежно е да се постави прашањето – во каква социјална држава живееме? Одговорот е очигледен, Македонија иако се претставува како социјална држава, сиромаштија има во секоја пора од општеството.

Најчесто за социјална правда зборуваат и одлучуваат оние кои имаат брендирана облека и чевли, полн стомак и новчаник.

Лесно е да одлучиш да не се зголеми минималната плата ако имаш 2.000 евра плата + патни трошоци и дневници од разно-разни Комисии или патувања во странство.

Лесно е да не изгласаш да се купат нови автобуси во Скопје кога користиш службен автомобил или работата ти е на 5 минути пешки, па не знаеш како е да смрзнуваш на автобуските станици, до душа и во автобусите (кога ќе дојдат) редовно нема парно греење.

Граѓаните најлесно се манипулираат и лажат за време на изборна кампања. По завршување на изборите тие се жалат дека за нив никој не се интересира. Изминатиов период гледаме дека оние кои ги избравме да ни го подобрат животниот стандард, веќе се подготвуваат за следните локални избори, па наместо леб – ни нудат патриотизам. Наместо главна тема да е скапотијата, дека едвај граѓаните врзуваат крај со крај, власта реши да „нè забавува“ со теми како што е грбот, химната, верувам дека набрзо и знамето ќе дојде на ред. Дури и гордо најавуваат дека приоритет им е грбот и химната, па после ќе мислат за стомакот на граѓан(к)ите.

А граѓан(к)ите врз својот грб сѐ посилно ја чувствуваат сиромаштијата. Или како беше она народната „врз туѓ грб и 100 стапа се малку“.

Во Македонија сиромаштијата не познава ниту јазик, ниту нација, ниту вера! Тие едвај преживуваат или се заглавени во долгови, а извршителите (или лихварите) секојдневно им дишат во врат.

Народни избраници, а што велите приоритет да ви биде стомакотот на граѓаните!?

Текстот е сопстевност на ЦивилМедиа 

дехран муратов сиромаштија социјална правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.