Суперјахтата „Соларис“ во сопственост на рускиот олигарх и поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, утрово вплови во Тиват, јавуваат vijesti.me .
Сто и четириесет метри долгиот брод од над 11.000 бруто-тони закотвен е на ’ртот Сељаново, во близина на марината Порто Монтенегро. Јахтата „Соларис“ е вредна 500 милиони евра, а вплови во Тиват од Барселона, од каде што исплови на 8 март, по краток ремонт.
Европската Унија воведе санкции за неколку руски функционери и бизнисмени поради руската агресија врз Украина.
И Црна Гора се придружи на санкциите на ЕУ против Русија.