Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адамо- непоправливиот романтичар

0
By Нова ТВ on May 29, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Салваторе Адамо е роден во 1943 г. на италијанскиот остров Сицилија. Четири години подоцна со родителите емигрира во Белгија. Тогаш бил единственото дете на таткото Антонио , рудар, и мајката Кончета, домаќинка. До 1960 г. семејството се зголемило за уште 6 деца.

Малиот Салваторе бил болежливо дете со прележан менингитис. Родителите не сакале тој да ја наследи професијата на татко му, па го запишале во католичко училиште во кое владеела строга дисциплина.

Младиот ученик уште тогаш покажувал интерес за уметноста, посебно за поезијата и музиката и ги правел првите тинејџерски обиди за пишување песни и музика. Ги читал делата на Виктор Иго, Жак Превер и ја слушал музиката и поезијата на Жорж Брасан кои извршиле силно влијание на неговата понатамошна кариера. Учествувал и на неколку натпревари за млади таленти, но дури во декември месец 1959 година успева на конкурсот на Радио Луксембург.

Веќе во јануари следната година се емитува првата негова песна на оваа многу слушана радио станица. Следните неколку синглови поминуваат незабележани, па младиот кант-автор паѓа во очај се додека не доаѓа во Париз. И таму, по неколку неуспешни обиди, конечно во 1963 г. со песната „Sans Toi Ma Mie“ полека успева да го освои Париз, Франција, па и светот. Следува првиот албум и многу успешните хитови: „Tombe La Neige“, „Wous Permettez Monsieur“, „Dolce Paola“, „Les Filles Du Bord De Mer“, „La Nuit“, „Mes Mains Sur Tes Hanches“ и уште плејада други песни.


Патот кон славата е отворен. Сега веќе како Адамо е омилена личност секаде каде ќе се појави. Париската „Олимпија“ е претесна да ги собере сите негови обожаватели, иако во тоа време нагло продира рок енд ролот од Америка и Битлманијата од Англија, Адамо со својот романтичен стил и поетичните текстови собира околу себе огромен број обожаватели. Во тој период е најтиражен пејач по „Битлси“.

Пее на повеќе јазици – француски, италијански, холандски, германски, шпански… исто така е популарен во тие земји, како и во Турција, Јужна Америка, посебно во Чиле каде што на фестивалот во познатото летувалиште Виња дел Мар е добитник на наградата „Antorcha“ (златен и сребрен факел).

Поради големиот интерес за неговиот настап пеел во три различни сали во една вечер. Пеел исто така и тоа неколку пати во славниот концертен подиум „Карнеги хол“ во Њу Јорк.

Славата ја проширил и на азискиот континент во Јапонија каде што гостува неколку пати, а неговата најпозната песна „Tombe La Neige“ е препеана на јапонски под наслов „Youki Wa Furu“.

Еуфоријата по Адамо трае до крајот на 60-тите. Потоа неговата популарност опаѓа, но не и згаснува. Тој и понатаму ја има истата публика која го следи секаде каде што ќе се појави, додека младите занесени по поинаква музика која доаѓа од дискографските кујни, веќе имаат нови идоли и музички херои.

Во 70-тите и следните декади, до ден денеска Адамо редовно издава албуми и настапува со извесни прекини од здравствени причини, но не го менува стилот. Во средината на 80-тите како последица на премореност од преголемите ангажмани, има сериозни проблеми со срцето и е подлегнат на операција.

По неколку годишна пауза повторно се активира, овојпат и на хуманитарен план. Во 1993 г. е именуван како белгиски почесен амбасадор на УНИЦЕФ. Во таа своја мисија посетува повеќе земји кои се сметаат за кризни жаришта Либан, Босна и Херцеговина, Косово, Авганистан и др. Во 2001 г. Адамо добива и едно високо признание од белгискиот крал Алберт Втори, што за првпат се доделува на еден интерпретатор на популарна музика – прогласен е за Витез на белгиското кралство.

Во 2004 година пак е принуден да ја прекине кариерата од здравствени причини, откажувајќи серија концерти, за да по три години повторно се активира со турнеја низ Шпанија и Португалија.

Последниот солистички албум го издава во 2012 година под наслов „Le grande roue“. Што се однесува до неговата комплетна дискографија, се смета дека е влезен во клубот на изведувачи што продале преку 100 милиони плочи, а ако се бројат и реизданијата на компакт дискови, таа бројка секако дека е многу поголема.

Во приватниот живот Адамо е женет од1969 г. со Никол и го имаат синот Ентони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.