Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми на средба со синдикалците-измина рокот од СОНК до МОН

0
By Соња Трајковска on October 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука денеска треба да седнат на преговарачка маса, откако истече седумдневниот рок што минатиот понеделник му го даде на МОН, претседателот на СОНК, Јаким Неделковски и најави дека доколку не бидат прифатени нивните барања за зголемување на платите ќе има генерален штрајк во основните и средни училишта.

Министерот за образование Арбер Адеми во саботата на манифестацијата „Градиме мостови“ изјави дека е оптимист и дека верува оти договор со СОНК ќе се постигне. Министерот, кој денеска повторно ќе се сретне со СОНК рече дека не сака да мисли на лоши сценарија во врска со најавата на Синдикатот за генерален штрајк, доколку не бидат исполнети нивните барања.

Во основните и средните училишта оваа година наставата почна еден ден подоцна, поради предупредувачкиот штрајк на наставници членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив. Штрајкувачите на првиот училишен ден на работа без обврски, а оние кои не се приклучија кон штрајкот одржуваа настава.

СОНК на 30 септември му даде уште една недела на МОН пред да одлучи дали ќе ја прифати понудата за зголемување на платите во образовната дејност. Ако не се исполнат неговите барања најави генерален штрајк во основните и во средните училишта.

-Од МОН ни побараа плус време за преговори во кои се утврдува процентот на зголемување на платите и времето од кога тоа би се случило. Објаснија дека им треба време за пресметки и консултации со други институции. Одлучивме да дадеме седум дена, изјави тогаш претседателот на СОНК, Јаким Неделковски.

Наставниците не се задоволни од пет процентното зголемување на платите и бараат повисоки плати за 25 проценти. Тие бараат зголемувањето да важи од јануари следната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.