Томе Аџиев, првиот човек на Лустрациска, смета дека комисијата работи неселективно, и дека е збунет од академиците и писателите, наводно, анонимно бараат лустрација на нивните колеги, а потоа се противат, изјави во интервјуто за Прес24.
„Го користам интервјуто да повикам, секој кој поседува валидни сознанија и податоци за некое лице дека бил соработник, нека ги достави до Комисијата, таа веднаш ќе отпочне со постапка за утврдување на фактите. Ве уверувам дека ние воопшто не селектираме кој е близок до власта, а кој до опозицијата. Комисијата само „гледа” кој бил соработник и ништо повеќе“, тврди Аџиев.
Со лустрацијата на академиците, писателите, уметницити, Аџиев смета дека само се обелоденуваат политичките врски од минатото, и не се работи за омаловажување на нивните дела.
„Нека не бидат со двојни гледања. Од една страна Комисијата ја бомбардираат со анонимни барања, посочувајќи нивни членови да бидат лустрирани, а од друга страна јавно искажуваат сосема поинакви ставови. Време е да се диференцираат и гласно да си го исчистат, најпрво својот двор, а потоа и сè друго што следи“, дополнува Аџиев.