Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аџиев: Можни се грешки при лустрирањето

0
By Нова ТВ on July 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Лустрациската комисија Томе Аџиев отфрла дека се продолжена рака на власта, ниту пак, како што вели, гледаат кое лице е на власт или во опозиција, во интервју за БИРН.

Аџиев за неговите критики за реакциите на МАНУ, ДПМ, ПЕН дадени во претходно интервју вели:

-Токму тие кои ја критикуваат лустрацијата веројатно се плашат да не бидат и самите лустрирани. Јас не реков дека се кодоши туку прашав да не се уплашил некој. Мене ми беше многу симптоматично што името на Славко Јаневски излезе токму од кај нив.

Согласно законот, доколку комисијата прогласи за соработник лице кое е починато, таа не го објавува ниту неговото име, ниту решението, ниту документите. Тоа останува само во архивата на комисијата, се евидентира и завршува предметот.

Седницата на комисијата уште не беше завршена, а некои новинари, МАНУ и ДПМ веќе излегоа со иницијалите С.Ј. и почнаа да го бранат Славко Јаневски без да имаат сознание дали е тој.

Јас им реков, престанете да го штитите делото на Славко Јаневски бидејќи ние не го цениме неговото дело. Ние не го цениме книжевното дело на Јаневски или на кој било друг. Ние велиме дека имаме документи дека одредено лице било соработник.

Сепак, Аџиев не отфрла можност дека се можни грешки при лустрирањето, но тој не се плаши кога станува збор за мирно спиење:

-Немам никаков страв. Полициско досие имам првпат допрено пред пет години кога дојдов во комисијата. Нити знам што е тоа, ниту ме интересира. Отсекогаш сум бил алергичен на тие служби. Јас работам по закон. Доколку ние не го спроведуваме законот, доколку сме нашле дека некое лице е соработник, а не сме го прогласиле, тогаш нормално дека ни следи конфликт со тој закон.

Јас колку можам се трудам да не згрешиме. Сепак грешки се можни, но ви гарантирам дека тоа нема да бидат намерни грешки.

Аџиев во интервјуто го критикува единствениот опозициски глас во Комисијата:

-Одлуките се донесени во најголем број, едногласно, со исклучок на едно лице кое упорсите одлуки на комисијата ги негира, ги бојкотира. Ниту еден извештај нема сработено, ниту една одлука нема гласано, ниту за една одлука нема кажано позитивен збор за комисијата. Тоа е многу симптоматично и јас не знам што бара тоа лице во оваа комисија, вели Аџиев во интервју за БИРН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.