Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Администрацијата на Трамп го деградира статусот на Мисијата на ЕУ во САД

0
By Нова ТВ on January 8, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Стејт департмент, ненајавено, го деградира дипломатскиот статус на делегацијата на ЕУ во Вашингтон од земја членка во меѓународна организација.

-Не знаеме точно кога тоа го сториле, бидејќи тие очигледно „заборавија“ да нè известат, изјави претставник на ЕУ запознат со ова прашање, во интервју за Дојче Веле.

-Можам да потврдам дека ова не е добро прифатено во Брисел, изјави ЕУ претставникот,  додавајќи дека се уште се дискутира за ова прашање по што ќе следува официјален одговор од ЕУ.

Откако делегацијата забележала дека амбасадорот на ЕУ во Вашингтон не бил поканет на одредени настани кон крајот на минатата година, официјални лица кои го организирале државниот погреб за претседателот Џорџ Х.В. Буш конечно им потврдиле на дипломатите на ЕУ дека статусот на застапеноста всушност бил деградиран. Дипломатите сметаат дека ваквото деградирање се случило кон крајот на октомври или почетокот на ноември лани.

На настанот од висок профил на 5 декември, кога дипломатите се собрале во Вашингтон за да  оддадат почит, амбасадорот на ЕУ во Вашингтон, Дејвид О’Саливан, не бил повикан по вообичаениот хронолошки редослед од дипломатот со најдолг стаж, до најновиот амбасадор, туку повикан како последен, вели претставникот на ЕУ, за Дојче Веле.

Пред деградирањето, О’Саливан, кој беше амбасадор на ЕУ во Вашингтон од 2014 година, бил рангиран меѓу првите 20 или 30 амбасадори на повеќе од 150 странски претставници кои се наоѓаат во главниот град на САД.

Дипломат на земја членка на ЕУ во Вашингтон смета дека потегот има политичка заднина.

-Ова очигледно не е само прашање на протокол, туку е нешто што има многу очигледен политички мотив, вели дипломатот, додавајќи дека мнозинстството земји членки на ЕУ го делат ставот дека се работи за негативен чекор.

Дипломатите на ЕУ во Вашингтон се обратиле до Стејт департментот, кој е одговорен за дипломатските работи,  од каде им било објаснето дека „заборавиле да ги известат и дека одлуката е донесена врз основа на мислењето на шефот на протоколот дека тоа е правилно да се направи, вели дипломатот.

Стејт департментот не сакаше за медиумите да ја коментира одлуката, правдајќи се со ограничените операции поради блокадата со која се соочува администрацијата во моментот.

-Поради намалените финансии, Канцеларијата за печат ќе работи со намален статус. Комуникацијата со медиумите ќе биде ограничена само на настани и прашања кои ги вклучуваат безбедноста на луѓето или заштитата на имотот или оние за кои ќе биде одлучено дека се од суштинско значење за националната безбедност, соопшти Стејт департментот во одговор преку електронска пошта.

Официјалниот претставник на ЕУ вели дека статусот на претставникот на ЕУ во Вашингтон е надграден на ниво на амбасадор во септември 2016 година, по долгиот и интензивен процес на Стејт департментот во времето на поранешниот претседател Барак Обама.

-Оваа одлука беше донесена по долго размислување, а сега таа се отфрла одеднаш, без најава, вели официјалниот претставник на ЕУ за Дојче Веле.

Според него, иако не е невообичаено за новата администрација да ги преиспита класификациите на протоколот, невообичаено е таквото деградирање да се случи дури две години, по доаѓањето на власт на новата администрација. Исто така, според него, реткост е што дипломатската мисија не е информирана од страна на земјата-домаќин за таква одлука предвреме и во писмена форма.

Од друга страна, ваквото дипломатско деградирање на мисијата на ЕУ во Вашингтон се чини дека е во согласност со негативниот став на администрацијата на Трамп кон ЕУ.

Трамп беше страствен поддржувач на излезот на Велика Британија од Европската унија за време на неговата претседателска кампања, а и како претседател постојано беше против Европската унија по прашањата за трговијата или одбраната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.