Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокати: Пекер немал фалсификуван македонски пасош – Заев не демантира

0
By Нова ТВ on April 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дезинформирањето на јавноста со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер. Ова е коментарот на адвокатите на турскиот државјанин Дублин Караџа и Јасмин Калач кои преку соопштение тврдат дека нивниот клиент не поседувал фалсификуван македонски пасош.

„Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тенденциозни. Дезинформирањето на јавноста со свесна намера да се наруши угледот на Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни“, се вели во објавеното соопштението во кое меѓудругото се бара и јавно извинување од медиумите кои објавиле таква информација.

За поседувањето македонски пасош на Седат Пекер на прес-конференција во вторникот зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Повикувајќи се на документи што ги поседува, Мицкоски рече дека Седат Пекер од Турција, кој бил протеран од Македонија, се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за личен документ под името Џадин Адемовски, како бизнисмен.

Премиерот Зоран Заев, пак, денеска на новинарско прашање за тоа дали Пекер се среќавал со негови коалициски партнери не негираше дека Пекер е еден од оние што добиле фалсификуван пасош и притоа нагласи дека тој што работел на нелегалното издавање пасош е дел од самата постапка која е процесирана пред правосудните органи.

„Господинот што го спомнавте е еден од тие што добиле фалсификуван пасош, истовремено е осомничен за одредени дела во Турција. МВР го избрка како персона нон грата од државата по други видови постапки. Секако тој што работел на нелегалното издавање пасош е дел од самата постапка која е процесуирана пред правосудните органи, вели македонскиот премиер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.