Агенцијата за електронски комуникации ќе потроши 1,2 милиони евра за да го уреди ентериерот во новата административна зграда.
Договорот е склучен со фирмата „Дизајн Фантази“. Клучна улога во изборот на фирмата имал квалитетот, а не цената, според податоците достапни на Бирото за јавни набавки.
Новата деловна зграда на АЕК се наоѓа на кејот на Вардар и е во барок стил.