Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Африканската унија повика на поправеден пристап за купување вакцини

0
By НОВА ТВ on September 14, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Африканската унија денеска ги обвини производителите на вакцини против Ковид -19 дека на африканските земји не им даваат еднаква шанса да ги купат и ги повика земјите производители, особено Индија, да ги укинат забраните за извоз на вакцини и нивните состојки.

– Овие производители многу добро знаат дека никогаш не ни го дале вистинскиот пристап, рече Стриве Масијива, специјален пратеник на Африканската унија за Ковид-19, на брифингот на Светската здравствена организација во Женева.

Тој нагласи дека Африканската унија и нејзините партнери, со намера да вакцинираат 60 проценти од населението, очекувале да купат половина од потребните дози, додека другата половина се очекува да пристигне во Африка преку програмата Ковакс, поддржана од СЗО и ГАВИ, глобалниот сојуз за вакцини.
– Добавувачите во последните осум до девет месеци дадоа до знаење дека најголемиот предизвик со кој се соочуваат е забраната за извоз, рече Масијива.

Тој ги повика Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд да работат на пандемиски фонд подготвен да им помогне на посиромашните нации да ја купат вакцината во иднина, наместо да се потпираат на заеднички програми како Ковакс, кој досега обезбеди само 260 милиони дози.

– Споделувањето вакцини е добро, но не треба да се потпираме само на тоа, особено кога можеме да преговараме и да кажеме дека сакаме да купиме и ние, рече Масијива.

Шефот на ГАВИ, Сет Беркли рече дека неговата организација сметала на набавки од Индија, најголемиот светски центар за производство на вакцини, на почетокот на пандемијата, но дека тие не добиле дози од Индија од март, кога земјата воведе забрани за извоз.
Од 5,7 милијарди дози вакцини против коронавирус кои досега се дистрибуирани низ целиот свет, само 2 проценти се дистрибуирани во Африка.

Африканска унија вакцини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.