Американската амбасадорка Анџела Агелер им се придружи на судиите од Одделот за организиран криминал и корупција на Кривичниот суд во Скопје за да го одбележат Меѓународниот ден на жените судии, објави Амбасадата на САД во Скопје на официјалниот фејсбук профил.
Тие разговараа за важноста на истрајноста наспроти предизвиците и како почитувањето на владеењето на правото ги прави САД и Северна Македонија посилни, стои во ФБ објавата на на Амбасадата.