Ангела Агелер: Искрено кажано, очекувам од нив, колку што можат побрзо, да ги испорачаат ветувањата кои ги дадоа за време на кампањата. Разбирам дека тоа е тешко, но граѓаните тоа од нив го очекуваат. Оттука, многу е тешко да се премине од водење кампања до владеење и новите министри се уште не положиле заклетва, тоа не го направил ниту идниот премиер, очекуваме тоа да се случи викендов… Очекувам да видам како тие, а така ќе беше за која било влада која ќе дојдеше на власт, дали на реториката од кампањата и дадените ветувања ќе одговорат со конкретни дела. На крајот, како политичка партија и влада ве судат според вашите дела наспроти предизборните ветувања кои, искрено, можат да го покријат целиот спектар на политиката во време на избори. Линк