Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Агендата Европа дома“ влог во европската агенда на земјата

0
By Нова ТВ on March 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сеопфатен план со јасни задачи и рокови за сите институции во системот во насока на обезбедување фокус и отчетност на реформските чекори за 2021 година, а со цел европеизација на општеството, треба да донесе „Агендата Европа дома“.

На презентацијата на документот на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев вчера истакна дека во  „Агенда Европа дома“ се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината Акција 21. Преку тоа граѓаните ќе добијат подобри услуги и подобар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото  во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејство на народи.

Акцентот на новиот владин документ е ставен на изборната реформа, правосудството, борбата против корупцијата и организирнаиот криминал, темелните човекови права, реформите во медиумската сфера, економското владеење и на реформата во јавната администрација, а содржи и мерки кои се дел од поглавјeто животната средина и климатските промени. Го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на  Секретаријатот за европски прашања, а консултирани се невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и Делегацијата на ЕУ. Изготвен е врз основа на препораките на Европската комисија, Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, а ја зема предвид новата методологија на преговори и се фокусира на кластерот Темели, којшто ја диктира и динамиката  на самите преговори.

– „Агендата Европа дома“ е нашиот искрен влог во европската агенда како наша суштинска определба. Европеизацијата на македноското општество не смее да чека, а нашиот план за завршните процеси на оваа агенда, очекуваме да донесе исто толку позитивен извештај и за оваа 2021 година. Нашата „Агенда Европа дома“ само се надоврзува на досието на Северна Македонија во Брисел и безусловната порака за старт на преговорите од извештајот за 2020 година, порача Заев.

Според него, Владата успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори, за жал, посочи, поради недавање на согласнот од една земја-членка за одобрување на рамката за преговори, првата меѓувладина конфернеција за официјално започнување на преговорите се уште се нема случено.  

– Долго сме во процесот и секако нема да запреме. Се соочуваме со предизвици, но нема да бидеме обесхрабрени. Продолжуваат политичките и дипломатски напори и обиди за отстранување на ветото од Бугарија. Кога сме посветени и сплотени резултатите ќе дојдат, рече Заев.  

Според вицепремиерот Димитров, „Агендата Европа дома“ ги отсликува реформските заложби на Владата и треба да овозможи мапирање на клучните чекори и нивно будно следење заедно со притисок за исполнување на дадените обврски.

-Не чека многу работа, но и јас, и СЕП и Владата, сме подготвени да ги впрегнеме институциите и да ги разбиеме митовите дека стартегии и планови се прават само тогаш кога се сака да се избега  од вистинска работа. Целта ни е да обезбедиме фокус, следливост и отчетност во реформските чекори за да има видливи конкретни резултати, рече Димитров.

Посочи дека СЕП, како главен мотор на процесот на европеизација ќе пристапи кон ревизија на механизмот за управување и координација на пристапните преговори, заради негово усогласување со новата методологија за преговори на ЕУ.

-Ова значи дека ќе ги ревидираме структурите за преговори, грижејќи се за соодветна координација и инклузивност на процесот, за сите општествени чинители и фактори да си го најдат своето место, за да бидеме спремни во моментот кога стартот ќе биде најавен. И за СЕП има домашни задачи во Европа дома, заклучи вицепремиерот за европски прашања Димитров.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, со оценка дека Агендата „Европа дома“ е нов неуспешен „План 3-6-9“,„План 18“, „Акција 21“.

-Факт е дека ништо суштински не е преземено, а Заев потроши нови четири години тапкање во место, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Спроведувањето на „Агенда Европа дома“ СЕП ќе го следи на неделна основа, а вицепремиерот Димитров ќе ја  информира Владата со пресек на секоја седница. Дополнително,  врз основа на податоците за спроведувањето ќе се подготвуваат и до Владата ќе се доставуваат извештаи за спроведување на агендата, во мај, септември и  декември годинава со што ќе се следи  динамиката на подготовката на Извештајот на ЕК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.