Со ова Агенцијата за разузнавање констатира дека Наќе Чулев манипулира со јавноста, се вели во одговорот на Агенцијата.
Наќе Чулев не добил отказ од Агенцијата за разузнавање, туку тој на 8. јуни 2022 е суспендиран од работа, се вели во одговорот на Агенцијата на прашањето на МИА во врска со денешната објава на поранешниот технички министер за внатрешни работи и поранешниот директор на Агенцијата дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем.
„На 8.6.2022, Наќе Чулев е суспендиран од работа. Причина за суспензија е добиеното Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со кое се регулира материја поврзана со безбедносниот сертификат. До овој момент Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата. Со ова Агенцијата за разузнавање констатира дека Наќе Чулев манипулира со јавноста, се вели во одговорот на Агенцијата.
Чулев претходно на Фејсбук објави дека „по 25 години во служба за татковината, повеќе не е дел од безбедносниот систем“.