Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Албанците кои не гласаа ја поддржаа идеја за консензуален кандидат

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера пред жителите на Сарај и околината ДУИ ја престави својата платформа под мотото “Заедно подобро, Заедно посилни, Заедно за Европа”.

Претседателот на ДУИ и воедно носител на шестата Изборна единица, г-дин Али Ахмети, во неговиот говор даде една поопширна слика во однос на напредувањето на општеството, а посебно се осврна на претседателските избори кои се одржаа во недела каде, според него, Албанците покажаа политичка свест со нивното неучество.

Лидерот Ахмети рече дека тоа што Албанците не учествуваа на овие избори всушност тие ја поддржуваат националната идеја за консензуален кандидат, претставена од ДУИ.

“13 април за Албанците беше плебисцит и важна одлука за нив. На 27 април ќе се гласа за парламентарни избори и за двајцата кандидати за шеф на државата. Ниту за едниот ниту другиот кандидат, бидејќи Албанците ги имаат нивните политички претставници. Оваа идеја е како лавина и нема ниту една сила да не спречи во тоа. Ако не денес, тоа утре секако дека ќе се случи, бидејќи немаме право да газиме врз плебисцитот на Албанците. Тие се за консензуален претседател и тоа го докажаа во неделата. Ве уверувам дека нема ниту еден проект ставен на маса а да нема решение, само треба да бидеме решителни во однос на тоа – дали ќе бидеме сериозни или ќе се пошегуваме”, рече лидерот на ДУИ, Ахмети.


Тој понатаму додаде дека “нема да се откажеме од идејата за консензуален претседател, бидејќи ништо лошо нема да и се случи на државата ако една одредена институција би се раководела од страна на Албанците”.

„Идејата за претседател за кој ќе се согласеа страните што имаат легитимитет е надпартиска идеја, идеја која се смета дека Албанците ќе станат уште поважни – како конститутивен и државотворен елелемент во нивните територии каде што живееле и живеат со векови. Не е идеја која наутро се искажува на цел глас за да ја снема штом ќе зајде сонцето. Таа е добросмислена и пренесена кај Албанците да и тие чувствуваат уште поголема одговорност, повеќе да чувствуваат дека тоа е и нивна земја, на нивните предци на кои толку многу им беше драга оваа земја”, рече лидерот на ДУИ, Ахмети.
Ахмети исто така објасни дека нивната идеја нема за цел заплашување на Македноците, туку со оваа идеја се прават напори за зближување на односите помеѓу двете најголеми заедници.


„Ништо лошо нема да и се случи на оваа земја ако државните институции се раководат и од Албанците, напротив. Денес се работи, се изработуваат платформи, се покренува филозофијата каде ќе бидеме во втора деценија по Oхридскиот договор, како ќе се движат работите и кои се приоритетите. Секако дека приоритет за нас за минатите 10 години беше Охридскиот догововор и неговата имплементација, напредување на националните вредности, почнувајќи од образованието, здравството па се до посоодветно третирање на сите локални и меѓународни инвеститори“, рече шефот на ДУИ.

Тој подвлече дека сите достигнувања во однос на Албанците на Македонија носат печат на ДУИ и дека неговата партија ќе продолжи да биде решителна во однос на зачленувањето на Република Македонија во НАТО и ЕУ, затоа што “за нашата земја нема друга побезбедна алтернатива “.

„Денес сме во многу интересна ситуација каде ни треба храброст и силна определба. За нас се многу битни добрите односи со соседите, добри меѓуетнички односи – бидејќи тоа ќе значи подобра иднина за земјата. Секако дека поделени не можеме да ги раздвижиме процесите напред“, додаде лидерот на ДУИ, и воедно побара поголема храброст од страна на политичките партии во однос на решавањето на некои прашања.

„Треба храброст за давање насоки за решавање на проблемите кои се јавуваат како пречка во однос на раздвижување на евроатланските процеси. Секако дека НАТО е на корист на земјата но и на регионот, туку и подобрување на меѓуетничките односи во земјата, или албанско-македонските односи. Албанците се 99 проценти посветени за НАТО и ЕУ, затоа што тие сакаат повеќе мир и стабилност“, повтори г-дин Ахмети.

Во продолжение носителот во првата изборната единица, Емира Мехмети рече дека 13-ти април докажа дека Албанците се тие кои одлучуваат кој колку гласови ќе добие. Таа, исто така, ги коментираше и наводите на албанската опозиција за стотиците илјади гласови на претседателските избори.

„350.000 гласови? Ајде де! Кај можат да се направат 350.000 гласови без вас, браќа и сестри? Ние сме тие кои ќе одлучиме дали ќе има еден, илјада или еден милион гласови на Албанците во Македонија. Вие во недела докажавте дека знаете да застанете зад заедничката цел – да ја направиме нашата иднина поубава. Ние секако дека не се радувавме по тоа што кутиите на професорот Илаз Халими останаа празни, туку се воодушевивме од фактот што вие од Куманово до Струга докажавте дека ние Албанците сме тука. Вашиот глас за ДУИ е глас за поголемо влијание на албанскиот политички фактор. Затоа го бараме вашиот глас со цел да се обезбеди повеќе работни места, подобро здравство и слично. ДУИ ја има храброста што кај другите недостасува – тоа е веќе потврдено, бидејќи ние знаеме да им се спротивставуваме на притисоци кои можат да се појавуваат“, рече носителот на првата изборна единица, г-ѓа Мехмети.

Таа исто така истакна дека ДУИ не ги дели Албанците, како што тоа го прават другите и дека бара обединување без разлика на нивната политичка определба.

„Ние се штитиме себеси и им помогаме на Албанците да се заштитат од политичките престапници кои сакаат да не одржат меѓу антагонизмите. Емира Мехмети не го бара вашиот глас за себе и да користи против албанските политички ривали. Вие имате право заедно со ДУИ да го менаџираме тој глас за вашиот интерес и за ваше добро. ДУИ и јас ви нудиме договор кој другите не можат да го направат тоа – ви нудиме заедно да чекориме кон нови предизвици“, додаде Мехмети.

Таа повика на 27 април да се поддржи ДУИ се со цел “иницираните проекти да завршат и секако да станеме помоќни во следната влада.”

„Проектот на ДУИ за иднината бара многу труд, енергија и не ни дозволува да се занимаваме со квази-политичари. Затоа гласајте за ДУИ, гласате за својата иднина, за иднината на вашите деца. Бараме 4 пратенички места во првата изборна единица, затоа што обединети верувам дека можеме да добиеме повеќе од тоа“, истакна г-ѓа. Мехмети.

На крај, г-ѓа Мехмети рече дека Албанците заслужуваат достоинствени претставници во власта и ги потсети нив дека токму ДУИ е политичкиот субјект кој ги заштитува нивните интереси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.