Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети бара 3 милиони, Џафери 2.5 милиони денари отштета од Богоески

1
By Влатко Чаловски on October 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рочиштата за двата предмети во кои како тужители се јавуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоески за клевета за неговото сведочење пред американските судови, се презакажани за 27 јануари следната година, бидејќи  Богоески  не ги добил тужбите навреме и не доставил одговор на тужба за што има уште рок.

Ахмети и Џафери, кои денеска не се појавија во судницата, го тужат Богоески за клевета за неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар телеком“, а како отштета лидерот на ДУИ бара 3 милиони денари додека Џафери 2.5 милиони.

Изјавата што ја даде Богоески пред американската Комисија за хартии од вредност, како и пред окружниот суд во Њујорк во Македонија предизвика реакции во јавноста откако американскиот суд ја објави, а македонските медиуми ја пренесоа.

– Целта е јасна. Тие сакаат во ненадлежен суд да издејствуваат некаква одлука која би ја користеле во кривичната постапка која се води во Јавното обвинителство за организиран криминал против овие нив и да се амортизира мојата изјава и постапката пред њујоршкиот окружен суд, сметајќи дека ова е најлесен начин кој ќе им помогне во таа постапка, изјави Богоески по излегувањето од судницата.

Самата тужба за клевета, вели тој, не е дозволена а тоа тужителите во случајот го знаеле.

Богоески најави дека ќе покрене кривична постапка против Ахмети и Џафери, бидејќи како што вели тој, согласно американското и македонското законодавство самата тужба за клевета за исказ даден во судска постапка не е дозволена и се смета за влијание врз сведоци.

Адвокатот од одбраната, Валентин Зафиров посочи дека денешното подготвително рочиште било закажно поради актуелната политичка ситуација, односно дека тужбата била поднесена уште минатата година, кога Богоески бил во затвор, а била доставена дури сега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.