,,Што побрзо да се постигне комромис во спорот со името, со цел деблокада на интегративните процеси”, порача од Виена лидерот на интегративците, Али Ахмети.
По средбата со претседателот на парламентарната група на австриската Народна Партија, Карлхајнц Копф, лидерот на ДУИ порача дека за македонските Албанци е прифатливо име што ќе го одрази мултиетничкиот карактер на државата.
„За Албанците во Македонија е прифатливо секое име што го одразува мултиетничкиот карактер на државата”, изјави Ахмети, без да посочи конкретен пример.
Според Ахмети, членството на Македонија во ЕУ останува приоритет за македонската влада.