Изнаоѓање на компромис за името во преговорите со Грција. Ова денеска било разговарано меѓу амабасадорката на Германија, Гудрун Штајнакер и заменик амбасадрот Ханс Хелте Зандер со лидерот на ДУИ Али Ахмети при нивната посета во седиштето на ДУИ.
-Амбасадорката на Германија изрази интерес околу посетите на
Ахмети во регионот и политичките актуелности во земјава
при што соговорниците се заддржаа на потребата за изнаоѓање компромис
околу прашањето со името со Грција. Амбасадорката Штајнакер нагласи дека Германија го поддржува постигнувањето на компромис помеѓу Македонија и Грција како и интеграцијата на нашата земја во НАТО и Европската Унија се вели во соопштението од ДУИ.
Ахмети ја информирал Амбасадорката за готовноста на Тирана и Софија да помогнат во интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Тој побарал поголема ангажираност од Берлин и ЕУ во воспоставување и олеснување на дијалогот меѓу Македонија и Грција.