Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево имаше средба со американскиот амбасадор Пол Волерс, која ја опиша како редовни разговори, јавува Телма .
Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање дали преку колумната „Време е за НАТО“ всушност врши притисок врз премиерот Груевски за решение за името, изјави:
-Не е притисок врз Груевски тоа што сметам дека навистина е време за НАТО. Но, сега навистина е дојдено времето да ги зближиме ставовите.
Постои голем интерес кај нашите пријатели од меѓународната заедница да се реши спорот за името. Многу е важно да се релаксираат односите со соседите и со земјите од Балканот. Интеграцијата во НАТО ги отвора и вратите на ЕУ.
ДУИ има право да понуди своја опција, да понуди своја платформа за тековните случувања. Нашите ставови се различни од ставовите на другите политички партии, но ДУИ е голема партија во Владата, претставник на голема етничка заедница”, изјави Ахмети.