Платформата на ДУИ под мотото “Заедно подобро, Заедно посилни, Заедно за Европа” синоќа беше претставена пред жителите на Општина Желино, Тетовско.
Претседателот на партијата и воедно Носител на шестата изборна единица, г. Али Ахмети, во неговиот говор пред жителите на оваа општина рече дека се чувствува горд поради фактот што понудата на ДУИ е разбрана и прифатена праведно од страна на Албанците.
Лидерот на ДУИ, Ахмети, исто така, рече дека, тој и неговиот тим се уверени дека во текот на следните четири години во Владата ќе го реализираат концептот за интеграција на земјата во евро-атлантските структури, затоа што, како што рече тој, Македонија нема друга алтернатива.
Тој повтори дека токму овој е мандатот кога треба да се стопи мразот меѓу двете најголеми заедници и дека за ова треба храброст пред се од македонската политичка елита, бидејќи
„ДУИ е партија која секогаш имала храброст за вакви значајни чекори“.
„Европа започна како сон, продолжи како лавина и за нас денес е идеал, и овој идеал секако е на тие луѓе кои сакаат да живеат слободно, во една вистинска демократија. Ние не сме против никого, ние на транспарентен начин ги претставуваме нашите идеи кои секако дека не потекнуваат од луѓе неподготвени или излезени од подземните сценарија. Ние комуницираме, и нашите идеи ги кристализираме и и се презентира на другата страна. Ние не дефилираме зад грб околу идејата за консензуален претседател. Ви велам дека ние не се разочаруваме, да се предадеме со бело знаменце. Ние ќе се движиме напред до реализација на нашата идеја, идеја која беше прифатена од мнозинството Албанци“, рече лидерот на ДУИ, Ахмети.
Тој рече дека, сепак, е одговорен и ги разбира политичките елити кои ја немаат зрелоста на ДУИ, за да понудат прогресивни идеи.
„Ние сме во оваа држава, но мора да признавме дека живееме во две одделни општества. За нас како ДУИ секако дека ваквата поделба ни пречи. Ние сакаме оваа земја да биде земја на сите и со тоа посакуваме сите да сносат одговорност за сите процеси. Дали веруваме дека еден ден ќе се постигне оваа идеја? Да, ние сме сигурни, бидејќи е идеја која не носи напред а не не враќа назад. Дијалогот и комуникацијата е столбот на демократијата за да функционира правилно државата. Не ми е јасно зошто се исплашани од нас“, рече лидерот Ахмети.
Лидерот на ДУИ потврди дека дадениот глас за ДУИ на Албанците ќе им обезбеди поголемо влијание и поголема моќ во следната влада.
„Зошто треба да се гласа за ДУИ? Ние знаеме дека има и други политички партии во трка, но малкумина можат да не стигнат. Ние триумфиравме во филозофијата, во концептите и опциите, бидејќи е филозофија а не интриги и ѓаволштини. Треба да се поддржи ДУИ бидејќи е партија која покажа храброст токму кога требаше. Кога требаше дипломатија секако ова партија го покажа тоа. Ние се наоѓаме пред важен момент, се наоѓаме пред моменти кога треба да се носат големи одлуки, и ви велам дека сите процеси за приближување на вредностите до евро-атланските структури бележат напредок. Овие вредности мора да бидат финализирани, материјализирани… Ние не можеме веќе да бидеме црна дупка на Балканот, ние треба да се редиме во НАТО и ЕУ. Ние треба да воспоставиме добри односи со сите соседи, сакаме нашата земја да се движи напред во мир, стабилност и безбедност“, додаде лидерот Ахмети.
Тој ја повтори важноста на решавање на сите отворени прашања кои ги има Македонија надвор и внатре, и ги увери присутните дека нема да бидат разочарани со идните пратеници на ДУИ.
„Време е и ние работиме за квалитет, затоа што тој создава и материјализира многу идеи. Токму овие се проблемите на кои сме посветени, значи за поквалитетно образование за подобро здравство, за болници, за универзитети и училишни објекти според европските стандарди. Ние не можеме да одиме напред пред да се помириме со сите соседни земји, да имаме добри односи со сите бидејќи на овој начин можат да се достигнат вредностите на Европа. Крвавите војни меѓу Германија и Франција се надминати и нам ни се потребни овие вредности. Не постојат други алтернативи освен НАТО и ЕУ, бидејќи таму припаѓа нашата иднина“, изјави шефот на ДУИ, Ахмети.
Шефот на Централниот Изборен штаб, г-дин Абдулаќим Адеми во својот говор рече дека ДУИ ќе ги претстави сите Албанци и ќе настојува нивните барање да не бидат неглижирани.
Тој исто така додаде дека идејата на ДУИ за консензуален претседател беше прифатена од страна на сите Албанци, и потсети дека, на 27 април, тие не треба да гласаат за ниту еден претседателски кандидат, туку “треба да се излезе на гласање и да се заокружи број 4, реден број под кој се наредени најдобрите албански кадри “.
“Ние секако дека се наоѓаме во специфична предизборна кампања, која не се случило од независноста на Македонија. Се наоѓаме пред две паралелни изборни кампањи, претседателските и парламентарните избори. Претседателските избори имаа големо значење поради фактот што ние не излеговме со претседателски кандидат, но по нашите собири се претставивме со идејата за консензуален претседател, кој би бил претседател на сите граѓани во Македонија. Оваа идеја не беше прифатена, но идејата на ДУИ на 13-ти април беше прифатена од 99% од Албанците во Македонија”, рече Шефот на Централниот изборен штаб, Адеми.
Тој посочи дека ќе побара од сите општински штабови да им објаснат на граѓаните дека треба да гласаат само идните пратеници на ДУИ а не да се гласа и за претседател на државата.
Тој додаде дека ДУИ во својата кампања истовремено ја промовира својата платформа и кандидатите за пратеници.
„Нашата кампања ќе продолжи да биде позитивна и промотивна. Ние ќе создадеме услови за секој граѓанин да излезе да гласа слободно, бидејќи тоа е вредност на ДУИ. На 27-ми април, вие треба да излезете да гласате и да го закружите број 4, тоа е наш реден број но повеќе е Ваш. Листата за пратеници на ДУИ е листа со докажани кадри како во национален аспект така и на професионален аспект. Затоа го бараме Вашиот глас за најдобрите кадри да ве претстават Вам и вашата волја. Секако дека Вашиот глас даден за нашата партија ќе значи дека ДУИ ќе биде помоќна и многу полесно ќе можеме да ги исполниме аспирациите на Албанците во Македонија. Ние не сакаме да ни се повтори 2011 година, кога албанскиот глас беше распарчен и со тоа дојде до зголемување на бројот на македонските пратеници”, рече Адеми.
Шефот на Изборниот штаб, Адеми, на крај рече дека само преку дадениот глас за ДУИ можеме да го добиеме нашиот дел кој ни припаѓа и повтори дека сите достигнувања за Албанците во последната деценија носат печат на ДУИ.