Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: отворено е ново поглавје- втора деценија по Охридскиот договор

0
By Нова ТВ on April 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Платформата “Заедно подобро, Заедно посилни, Заедно за Европа” на Демократската унија за интеграција (ДУИ) сношти беше претставена пред жителите на Неготино и околните населени места од Полошкиот регион.

На овој митинг беа претставени кандидатите за пратеници во шестата изборна единица од редовите на оваа партија.

Лидерот на ДУИ и носител на шестата изборна единица, Али Ахмети пред присутните уште еднаш го повтори ставот дека коалиционен партнер во идната Влада ќе биде политичкиот субјект кој ќе го добие мандатот од Албанците.

„Ние или тие во идната влада?! Дел од владата ќе биде победникот на својот народ. Влада без победници кај албанскиот политички блок нема да има и тоа треба да им биде јасно на сите. Таков експеримент имавме во 2006 година од страна на г. Тачи и сите бевме сведоци дека не функционираше. Двојното гласање може да блокира системи и влади и едностанвно не можеш да дишеш“, рече на почеток на своето обраќање лидерот на ДУИ, Ахмети.

Ахмети се осврна на големиот број на проекти, квалитетот на кандидатите и изборната програма, додека главен акцент во неговото обраќање пред присутните стави на последните политички случувања.

„Албанците во Македонија беа убиени само затоа што побарале албанско знаме. Тие беа убиени само зошто барале образование на албански јазик, само зошто учествуваа во Ослободителната војска на Косово. Вие веројатно сте забележале дека ние на сите изборни циклуси се трудиме да работиме, а граѓанинот е тој кој проценува за тоа што ние сме сработеле.

– Вие, исто така, знаете дека ние не сме се повикале во името на патриотизмот, туку сме оставиле за тие работи оценка да дадат самите граѓани. Ние со голема посветеност сме се обиделе да стоиме зад тоа што сме напишале во изборните програми. Во оваа предизборна кампања и во иднина ние нема да повикаме и нема да слушнете од нас да зборуваме за јунаштво и за пожртвуваност. Не, но ние на дело ќе покажеме како нештата можат да бидат унапредени, за кои е пролеана крв”, рече Ахмети.

Тој потврди дека програмата на неговиот политички субјект е многу широк и содржи над илјада проекти во сите области, почнувајќи од економски инвестиции, отварање на нови работни места па се до развој на образованието, здравството и инфраструктурата.

„Ние зборуваме за тоа како да се организираат подобро Албанците во економијата, како да имаат придобивка земјоделците и сточарите. Ќе се ангажираме како да имаме поширок пазар и со пристојни цени за земјоделците и сточарите, нои исто така ќе се ангажираме и за подобри закони за инвеститорите бидејќи иднината на земјата е во отварање на нови работни места се со цел младите да ја изградат својата иднина тука. Сега тоа е најголем патриотизам, да инвестираме во нашата земја, додека жртвувањата за кои се бореше нашиот народ се недопирливи и гарантирани со закон”, додаде лидерот Ахмети.

Лидерот на ДУИ ја повтори пораката дека за време на изборите од 27 април, Албанците треба да гласаат на парламентарните избори а не и за претседателските.
Тој исто така рече дека воздржаноста при гласањето за претседател на државата, Албанците ја поддржуваат националната идеа за консензуален претседател – идеја предложена од страна на ДУИ.

„На 27 април ќе се гласа и за двајца кандидати за претседател. Албанците тој ден немаат кандидат, тие нивниот збор го кажаа на 13 април, рекоа НЕ за едностран претседател и јас мислам дека на 27 април Албанците повторно ќе го кажат нивниот став кој потекнува од референдумот од 13 април, НЕ за едностран претседател, бидејќи не е избор кој нуди решение.

– Ние имаме отворено ново поглавје, а тоа поглавие се нарекува втората деценија по Охридскиот договор, каде албанското прашање треба да биде унапредена уште повеќе. Нема потреба за зборови, статии и колумни. Носевме многу важна одлука: на страните им е понудено преговори да се договориме за еден заеднички кандидат и тоа да произлегува од страните кои го уживаат легитимитетот од мнозинството кои ги претставуват. Кај Албанците тоа е ДУИ, кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ, затоа нашата понуда е испратена до нив. Ние нашата понуда сме ја испратиле и кај албанските политички партии, но тие, како што секогаш доцнат за идеи, овој пат решија така како што решија. На 27 април гласајте за ДУИ, за материјализирање на вашите идеали, идеалите на минатите генерации и помладите генерации кои следуваат и кои треба да живеат во целосна благосостојба”, истакна Ахмети од ДУИ.

Ахмети се осврна и на прашањето за заплашување против малцинските заедници, кои неодамна се случија во Преспа и Битола. Лидерот Ахмети изрази загриженост за таквите тенденции и ги нарече срамни обидите за заплашување на малцинството во тој крај.

Тој додаде дека Македонија нема подобра и побезбедна алтернатива од тоа што поскоро да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ. Тој ги увери дека граѓаните Албанците дека ДУИ ќе продолжи да инсистира во таа насока.

На присутните им се обрати и Шефот на Централниот изборен штаб на ДУИ, г. Абдилаќим Адеми кој рече дека тој и неговата партија предводена од Али Ахмети никогаш нема да ги толерира тенденциите за поткопување на вредностите и на националната визија.

Тој ги повика Албанците на 27 април да дадат поддршка за ДУИ и за нејзината пратеничка листа, се цел, како што рече, ДУИ да добие уште поголема сила во следната влада, бидејќи “сега е време за напредок и знаење, како и време за обединување на Албанците под еден чадор.”

„Предизборната кампања за претседателските и парламентарните избори влегува во последната недела, период кој е многу важен за нас како политички субјект. Ова е фаза кога ние со голема посветеност треба да го анализираме секое избирачко место и да се мобилизираме денот на изборите, на 27 април, да биде празник за сите Албанци. Изборите од 13 април за нас беа еден вид на референдум за нас, бидејќи Албанците кажаа ДА за идејаа на ДУИ. Оваа поддршка е исто така нова обврска и очекуваме на 27 април повторно да се потврдува нивната решителност за правите политики на ДУИ.

– Централниот изборен штаб на ДУИ и сите општински штабови ги презеле сите неопходни мерки за предизборната кампања до недела да биде демократска и тој ден граѓаните да можат да излезат да гласаат слободно и на мирен начин и на демократски начин да ја изразат нивната волја. Ако слушнете изјави од еден политички лидер дека тој ден ќе има инциденти јас и ДУИ ви ветуваме дека тоа нема да се случи и нема потреба да се грижите, па затоа излезете на гласање и гласајте за опцијата која ви гарантира безбедност и благосостојба, гласајте за лидерот на Албанците во Македонија, Али Ахмети”, рече на крај, кандидатот за пратеник од редовите на ДУИ, Адеми.

Кандидатот за пратеник од редовите на ДУИ во шестата изборна едниница, г. Талат Џафери во неговото обраќање пред присутните рече дека граѓаните не треба да стравуваат од заканувачките изјави на нашите политички противници.

„Секако дека некои најавуваат касапхани и големи инциденти, кои пред се мислам дека шираат страв кај народот. Слушаме по нивните собири каде ви се обраќаат дека треба да бидете мирни бидејќи тие ќе бидат дел од Владата. Ние ветуваме дека сме потколенти пред вас и пред Господ и ако некој мисли дека обрските ни се дадени од другите, сериозно згрешил! Сите задачи и обрски сме ги добиле од вас и од вашиот добиен мандат”, истакна на крај кандидатот за пратеник од редовите на ДУИ во шестата изборна едниница, Џафери.

Денес, вторник, ДУИ ќе ја претстави својата изборна платформа пред граѓаните на Кичево.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.