Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја прослави победата на предвремените парламентарни избори.
Со зборовите „орелот се врати“, лидерот на ДУИ Али Ахмети од партиското седиште во Мала Речица истакна дека ДУИ победи на изборите во сите доминантно албански општини.
Освоиме 100.000 гласови и 12 пратеници, се бориме за 13-от мандат. Со оваа победа победија Албанците – рече Ахмети.
Додека тој се обраќаше пред јавноста, околу партиското седиште се славеше со музика и оружје, а потоа славјето се префрли низ тетовските улици.