Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Решение за името мора да има

0
By Нова ТВ on July 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ДУИ Али Ахмети очекува дека американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас, на средбата закажана за 8-ми август во Вашингтон, ќе посветат внимание и на спорот за името меѓу Атина и Скопје.

Ахмети истакна дека лично тој тоа го побарал од американската администрација при неговата неодамнешна посета на САД.

– Мора да се реши проблемот со името, инаку ќе останеме изолирани во регионот. Сега е моментот за решение, бидејќи во последните разговори со меѓународните претставници тоа ми беше посочено – рече лидерот на ДУИ.

Првиот човек на интегративците го повтори јавно искажаниот став дека Горна Република Македонија е прифатлив предлог за нив.

Ахмети потенцира дека очекува процесот околу решавањето на овој спор да започне да се движи во позитивна насока, и дека е крајно време за окончување на проблемот кој двете страни го имаат веќе две децении.

На прашањето кои се разлики меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во врска со решавање на спорот со името, Ахмети одговори:

– ВМРО-ДПМНЕ не сака јавна дебата за ова прашање, а ДУИ мисли дека е таа неопходна. Разлики има и кога е идентитетот во прашање. После консултациите што ги направивме со повеќе меѓународни центри ДУИ мисли дека не е загрозен идентитетот на нашите сограѓани Македонци, а ВМРО-ДПМНЕ мисли спротивно. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на уставното име на државата како дел од решението, а ДУИ мисли дека тоа не води кон решение и дека треба да се бара компромис. Ние не мислиме дека е загрозен и македонскиот јазик.

Во однос на организирањето на предвремени избори, Ахмети порача дека не очекува вакво нешто наредниов период, ниту, пак, наредната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.