Лидерите на ДУИ и ЛДП, Али Ахмети и Андреј Жерновски се сретнаа во Мала Речица во штабот на ДУИ.
Разговарале за добрите односи помеѓу двете партии, како и за приориететите на Република Македонија, а Ахмети го запознал Жерновски со детали од посетата на Соединетите Американски Држави.
Ахмети и Жерновски се согласиле дека приоритети на Македонија се добрите меѓуетнички односи, доследна реализација на Охридскиот договор, добрососедските односи и економскиот развој, а Ахмети потенцирал дека е неопходно решение за името во спорот со Грција за да може Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.